6 1 6

 

ЈУ Завод за социјални дејности -Скопје во рамки на процесот на лиценцирање и спроведување на обуки за континуиран професионален развој, во периодот од февруари до мај 2015 година, организираше серија од 6 обуки според Модулот 5  Работа со заедници, за стручни работници од центрите за социјална работа и установите за социјална заштита.

Цел на обуката

Овој модул имаше за цел:

  • да ги подигне знаењата, вештините и компетенциите на стручните работници од ЦСР и УСЗ за работа со партнерите од заедницата, односно територијата за која имаат месна надлежност за постапување,
  • да им помогне учесниците кон разбирање на заедниците и како тие функционираат или не функционираат, како и да ја осознаат разликата помеѓу „заедница“ и „општина“,
  • да понуди концепти за работење со партнерите од заедницата, преку примена на техниката „студија на случај“,
  • Им помогне на учесниците да ги идентификуваат и проценат ресурсите во заедницата, кои можат да им помогнат на семејствата и децата со кои работат, преку примена на SWOT анализа,
  • да ги охрабри учесниците да ги доградат постоечките вештини и да научат нови вештини кои се потребни за работа со заедница.

Во контекст на темата за обука, стручните работници имаа обврска да подготват приказ – мапирање на општината, односно територијата за која имаат месна надлежност да постапуваат, што и го изработија.

 

Обуките се реализира според следната динамика:

Дата Место Вид на обука Бр на учесници Едукатори
20.02.2015 Тренинг Центар на ЈУ ЗСД КПР 14 Д. Петрова
21.04.2015 Сала 5 ДХО „Д. Џамаз“ Скопје КПР 17 Д. Петрова и А.Б. Арсеновски
28.04.2015 Сала 5 ДХО „Д. Џамаз“ Скопје КПР 19 Д. Петрова и А.Б. Арсеновски
07.05.2015 ЈУ МЦСР Гостивар КПР 17 Д. Петрова и А.Б. Арсеновски
15.05.2015 Тренинг Центар на ЈУ ЗСД Основна обука 16 Д. Петрова и А.Б. Арсеновски
19.05.2015 Дневен центар за аутизам – Битола КПР 15 Д. Петрова и А.Б. Арсеновски

 

  

Теми и содржини, обработени со Модулот 5:

 Во текот на обуката, беа обработени следните теми и активности од Модулот 5:

 

  • Опис и краток вовед во модулот и содржините на програмата за работа
  • Дефинирање на поимите заедница и општина
  • Модели на работење во заедница
  • Улоги на социјалниот / стручниот работник во локалната заедница
  • Мешана економија на грижа
  • SWOT анализа на општините (јаки, слаби страни, можности и закани)
  • Предлози за реорганизација и реконструкција на ЦСР
  • Работа со маргинализирани групи (семејства) во заедницата
  • Можни решенија
  • Подготовка на план и проценка на можностите за имплементација на научените содржини во пракса
  • Евалуација на обуката

 

Според пополнетите евалуациони листи, за сите учесници, обработените теми се покажаа како значајни и корисни. Помал дел од учесниците, обуките  ги евалуаирале како неприменливи на работното место. Од дискусиите во текот на работата во работилници се покажа дека ваков став  имаат стручните работници кои се вработени во приватни и јавни установи за социјална заштита и дел од вработените во ЦСР, кои се ангажирани на паричните права.

На дел од учесниците во обуката, одржана во ЈУ МЦСР Гостивар не им се допадна просторијата, која беше недоволно пространа за реализација на работа во групи / работилници.

Сепак, поголемиот дел од стручните работници од ЦСР, обуките ги евалуираа како исклучително корисни и применливи.

Особено беа дадени позитивни коментари во сите области на евалуација (содржина и применливост на обуката на раб. место, методи на работа, умешност на презентерите, задоволство од просторните можности) од последната група на учесници на обуката, која се одржа на 19 мај во Битола, во просториите на Дневниот центар за лица со Даунов синдром.

 

Начин на работа:

 

Обуката беше конципирана на многу интерактивен начин, така што сите планирани содржини да бидат најпрвин обработени по пат на инструкции во работилници, а потоа, на крајот од работилницата да се изведат заклучоци и која била целта на таа работилница.

Почнувајќи од самото претставување, кога од учесниците се бараше да се претстават не само од кој ЦСР/ УСЗ доаѓаат, туку и да ги прикажат своите членувања во неформални тела, организации и совети во заедницата од која доаѓаат, преку работилничкиот начин на работа со обработка на студии на случаи и извлекувањето на суштинските поенти од она што треба да го запамтат и применат, на крајот од обуката, придонесоа исклучително висок степен на внимание, интерес и интерактивност на релација обучувачи и учесници.

Обучувачите наизменично се недополнуваа и менуваа во давањето инструкции за работа во групи, така што и на тој начин се внимаваше на одржување на посакуваното ниво на концентрација и интерес на групата.

 

На крајот од обуката беа доделувани прирачници за учесниците, така што се даваше по еден прирачник за стручните работници од еден ист ЦСР; Тие воедно добија инструкции да ги споделат знаењата и искуствата од обуката со колегите од институцијата во која работат и да ги применат вештините и техниките, за кои се обучуваа во текот на обуката, во секојдневната работа со лицата и семејствата изложени на социјални ризици.

За повеќе информации обратете се во Заводот за социјални дејности

Контакт лица: Душанка Петрова и Аленка Бинички Арсеновски