ЈУ Завод за социјални дејности во рамките на своите надлежности врши следење на сите социјални ризици, меѓу кои и ризиците, кои произлегуваат од областа на бракот и семејството. Работата на центрите за социјална работа на проблематиката Брак и семејство, меѓу другото се следи преку анализа на податоците добиени од годишните извештаи за претходната календарска година. Предмет на овој извештај се сознанијата добиени од обработката на податоци, кои се однесуваат на семејства во ризик, по покренување на судска постапка за развод на брак.

 

Гледајќи глобално, на ниво на Република Македонија, економските фактори имаат големо влијание врз одржливоста на бракот како основна клетка на опшеството.  На микро ниво, матичното семејство има важна улога бидејќи родителите на децата представуваат модел на партнерските односи, а истовремено преку воспитните стилови ги учат за нивната улога на иден брачен партнер.

 

 

Табела 1 – Компаративен преглед бројот на мировни постапки во 2015/ 2016 година

во ЦСР на ниво на Репиблика Македонија

 

 

 ПЕРИОД   Број на мировни постапки
 2015 година 2255 
 2016 година  2319

 

 

По однос на вклупниот број на мировни постапки  во 2016 година, споредбено со 2015 година се забележува тенденција на нивно зголемување за 2,7% (или во број: за 65, односно од 2255 на 2319). По однос на причините кои имаат влијание на појава на дисфункционални партнерски и семејни односи се издвојува економскиот фактор и тоа; материјалната необезбеденост која за последица има емиграција на еден од партнерите во поразвиени држави и стамбена необезбеденост, која неретко доведува до потреба од долгорочно живеење во поширока семејна заедница.

Како втората причина се јавуваат индивидуални карактерни разлики и различни очекувања и спремност за брак и одговорно родителство.  Ова се однесува на неусогласенот во еден или во повеќе елементи од функционирање на брачната заедница: во делот на партнерските реалации, на родителствувањето, во односите со поширокото семејство, во начинот на водење на домаќинството итн. Процентуално помал дел се причини се однесуваат на појава на семејното насилство, нарушената здравствена состојба и болести на зависности на еден од партнерите.

Идентифицирана е нова социјална појава која доведува до нарушување на партнерски релации – користењето на социјалните мрежи. Несоодветно и манипулативно користење на современите комуникациски технологии кај одредени брачни партнери довело до промени во нивното однесување и во перцепцијата на партнерските односи и на семејните вредности.

 

Од вкупниот број на спроведени мириовни постапки на ниво на Република Македонија, 4,3% успешно се завршени, односно во 101 случај по добиената стручна помош во ЦСР партнерите донеле одлука дека имаат потенцијал да ја зачуваат брачната заедница.

 

Табела 2 – Преглед на бројот на мировни постапки во 2016 година

Во ЦСР на ниво на Република Македонија по успешност

 

 Реализација на мировна постапка

 

 Број на мировни постапки  Процент

%

Успешна мировна постапка 101  4,3
Неуспешна мировна постапка  2218 95,7
 ВКУПНО  2319  100

 

Информациите добиени од годишните извештаи, како и од непосредни контакти со тимовите при центрите за социјална работа укажуваат дека најголем број на партнерите во ЦСР се јавуваат по подолготрајни дисхармонични партнерски релации. Се констатира дека мал процент е мотивиран да ја прифати стручната услуга во ЦСР во делот на советувалишен третман или помош од други ресурси кои работат на разрешување на внатрешни лични конфликти и на подобрување на партнерски и семејни односи.

 

Скопје, Мaj 2017 година

 

Подготви: Аленка Бинички Арсеновски, дипл. социјален рботник

 

(За повеќе информации околу извештајот, обратете се во Заводот за социјални дејности)