ВОВЕД

 

Во текот на 2014 година во содржината и динамиката на Програмските активности на  Заводот  се рефлектираа  сите активности преземени на национално и локално ниво  за подобрување  на законската, подзаконската регулатива и  квалитетот на социјалните сервиси , услуги  и права наменети за граѓаните изложени на социјални ризици. Основни полиња  на делување  на Заводот во 2014 година   беа :градење на сопствените капацитети,  стручна помош и поддршка   на давателите во  обезбедување на услуги кон граѓаните,  градење  на капацитетите на стручните лица  во системот на социјална заштита и изготвување на стручни материјали  за  состојбите   во социјалната сфера .

 

ОСТВАРЕНИ РЕЗУЛТАТИ

Во  областа на подобрување на законската и подзаконската  регулатива вработените на Заводот во текот на годината преку учество во работни групи  своето стручно мислење го врадија во изготвување на .Законот за превенција, спречување  и заштита од семејно насилство, Измени на Законот за семејството и Законот за  социјална заштита.  Стручното мислење се заснова на   компаративни анализи и искуство од следење на состојбите и добрите пракси во регионот и пошироко. Анализи беа изготвени за :заштитата на децата без родители и родителска грижа,старателството,сместувањето во згрижувачко семејство,брак и семејство.

 

Во текот на 2014 година Заводот реализира низа активности за јакнење на капацитетите преку  реализирање на активности за ИСО стандардизација,  започнување на процесот на стратешко  планирање на  сопствените активности и развој,, афирмирање и презентирање на својата работа пред  стручната и пошироката јавност,,професионално надградување на вработените  и размена на искуства  со институции од регионот и пошироко.

 

Во тековната 2014 година  Заводот ја реализира работата со 21 вработен ,во постојните  простории за работа., со подобрена компјутерска опрема  и поддршка за дел од програмските активности добиена од УНИЦЕФ и поддршка во користење на комбе за теренска работа обезбедена од ГИЗ Канцеларија Скопје.

 

Во областа на  осовременување и реформирање на  работата на Центрите за социјална работа   во рамки на ,,Функционалната анализа на ЦСР,  Заводот  учествуваше во сите фази на анализата, ги стави на располагање сите претходно изготвени информации, анализи, согледувања од мапирањето на ресурсите и потребите , водејќи сметка за сите започнати процеси за подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните.По завршување на активностите се очекува подобрена и пофункционална организација на ЦСР, подобрено планирање, следење и известување на реализирани активности засновани на сеопфатна анализа на  појавите,состојбите,потребите и ресурсите на секој ЦСР на локално ниво.

Заради подобрување ,осовременување и унифицирање на работата на ЦСР во давањето на услуги кон граѓаните изложени на одредени ризици Заводот во текот на 2014 година ја финишира работата  на  ,,Стандардите и процедурите за  работа на ЦСР,,.Истите со поддршка на Уницеф се отпечатија и во текот на септември беа дистрибуирани до секој стручен работник, како задолжителни за постапување. Со имплементирање на стандардите и процедурите се очекува подобрување на квалитетот на услугите, подобрување на проценката на потребите на корисниците, навремено, ажурно постапување согласно степенот и видот на ризик, , партиципација на корисниците и континуирано следење.

 

Во областа на професионалниот развој на вработените се реализираа активностите  за лиценцирање на стручните работници и обуки и едукации. Во текот на 2014 година Комисијата за лиценцирање  чија работа ја менаџира  Заводот  реализира активности согласно измените на  Законот за социјална заштита во делот на  лиценцирањето ,учество во подготовка на подзаконските акти ,изготвување на прашања за електронската база за стекнување и обновување на лиценца и  одржа 3   сесии за  проверка на имплементацијата на стручното знаење .Преку процесот на лиценцирање до  крајот на 2014  година  со лиценца се стекнале вкупно 786  лица.  Од презентираните трудови во рамки на процесот на лиценцирање Комисијата подготви    Зборник на трудови  ,,Социјална работа на дело,,-

 

Во  однос на континуираниот професионален развој Согласно Програмата за обуки на Заводот- се реализираа  обуки за стручните лица во системот на социјална заштита и тоа: основни обуки во траење од 40 часа-како услов за стекнување со лиценца (обучени 36 стручни работници ) и континуирани обуки- како услов за  продолжување на лиценцата ( обучени 528 лица).Во 2014 година Заводот организира обуки по одредени модули преку :  регионални обуки, обуки на работно место, обуки еден на еден  (на обуките учествуваа вкупно  860 лица) .Со реализираните обуки се зајакнуваат капацитетите на  стручните работници за : соодветна комуникација со корисниците, добра проценка на потребите на корисниците,ажурно и навремено постапување, добро планирање на  третманот и континуирано следење на  состојбата на корисникот, подобрена евиденција и документација на стручната работа.

 

Во текот на 2014 година Заводот воспостави  систем на следење-мониторинг  на примената на стекнатите знаења од обуките  во работата со корисниците ( во најголем број случаи на подрачјето на правда за децата). Констатирано е дека стручните работници започнале со примена на знаењата, вештините и техниките ,во сите, или во поедини случаи. Преку мониторингот согледана е состојбата,,дадени  се дополнителни насоки за постапување, дообјаснети се дел од техниките  и определени се мерки за нивна  натамошна задолжителна примена во работата со корисниците.

 

Во текот на  2014 година  посебен акцент се стави на обуки за  користење на електронската база на податоци Лирикус за внес, ажурирање и обработка на податоци. Преку основни обуки за нововработените, освежување на знаењата за вработените и  обуки за генерирање извештаи  наменети за директорите на ЦСР(Реализирани се 17 работилници-учествувале 119 учесници).

 

 

Во однос на  подобрување на заштитата на корисници сместени во установи за социјална заштита во 2014 година  беа реализирани активности  за преиспитување на  сместените корисници  преку увид во досиеја, репроценка на потребите, предлагање  соодветни форми на заштита согласно потребите  и  изготвување на  нови обрасци за Програми за  работа и Извештаи за работа. Со сите овие активности се  создаваат предуслови за  обезбедување соодветна заштита на сместените корисници согласно нивните потреби.  Во текот на 2014 година  дел од активностите беа насочени и кон собирање податоци за трансфрмација и реорганизација на работата на установите .

 

Во текот на 2014 година  продолжија активностите за развој на Советувалишта во ЦСР  како ресурс  за давање на услуги кон граѓаните со проблеми во бракот и семејството, жртви на семејно насилство, малолетнички бракови,,јакнење на родителските капацитети  чии деца се во ризик за вршење на родителското право  и други лица кои имаат потреба од советувалишна работа. До крајот на 2014 година функционираат Советувалишта во 21 ЦСР. Искуствата од досегашното функционирање се оценети како позитивни.

 

Во текот на 2014 година  се реализираа активности за  поефикасна  работа на откривање,превенција и следење на појавата деца на улица  и преземање на  мерки за заштита на овие деца. За таа цел беа изготвени Акциони планови во рамките на секој ЦСР и воспоставен систем на тековно известување за реализираните активности. Преку обуки и работни средби се надградуваа капацитетите на вработените за  успешно реалиизрање на активностите.

 

Во областа на  подобрување на пристапноста на услугите кон граѓаните  со попреченост  во 2014 година  активностите на Заводот  беа насочени кон  реализирање на двата проекти на Владата,, Бесплатна рехабилитација и рекреација на децата со пречки во развојот,,и ,, Достапна јавна администрација за лицата со инвалидност,, како и активности за отворање на Дневни центри  за лица со попреченост  и  аутизам . Со реализирање на овие активности  се создадоа услови  лицата со попреченост и нивните семејства да  можат да се рекреираат и рехабилитираат во ЈУ Завод за заштита и рехабилитација,, Бања Банско –Струмица,(со проектот се опфатени  до 1.000 корисници –во 2014 правото го искористиле 64 деца и 64 родители) во сите јавни установи  се обучија лица за комуникација со лицата со попреченост (вкупно 747)  и се отворија нови дневни центри ( Дневен центар за лица со попреченост во Струмица,  Дневен Центар  за аутизам  во Скопје и  Дневен центар за  деца со оштетен вид од предшколска возраст  при о.у.Димитар Влахов,,).Во 2014 година продолжи  поддршката на 7 Дневни центри преку проектот,, Подобрена социјализација на лицата со попреченост,,во соработка со Црвен Крст и Комерцијална банка.

 

Во однос на сместувањето во згрижувачки семејства Заводот реализира активности за подобрување на услугите кон дел од сместените деца (40- во Скопје, Прилеп и Велес)  преку пополнување на сликовница ,,Мојата приказна,,  Исто така во 2014 година претставници на Заводoт учествуваа на обуки за примена на Прајд програмата- обука за тренери за развој на згрижувачки семејства.

 

Во однос на заштитата на старите лицаво текот на 2014 година Заводот  реализира активности за  подобрување на услугите кон старите лица :обука на вработените во старските домови, согледување на состојбата во дневните центри за стари лица, обуки на  волонтери за давање услуги на старите лица во домашни услови

 

 

 

 

 

РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОГРАМСКИТЕ АКТИВНОСТИ

 

Во текот на 2014 година согласно својата дејност , Заводот  програмските активности ги насочи кон  достигнување на стратешки важни цели  кои  се реализираат како континуитет на започнатите активности во  претходните години и тоа:

 

Општа цел 1. Унапреден  квалитет на услуги на Заводот со јакнење на  внатрешните ресурси и  развој на мрежата на соработници и партнери

            Достигнувањето  на оваа цел  во текот на 2014  година  е прикажано преку активностите реализирани во рамки на специфичните цели:

 

Специфична цел 1.1.  Стратешки развој на Заводот

Во текот на 2014 година Заводот започна активности за стратешко планирање на својата работа и развој  во соработка со  Центар за неформално образование ,Триаголник,,.На работните средби одржани од февруари до  јуни 2014 година се направи мапирање на  потребните документи, информации ,соработници , јаките и слаби страни на установата и се определија ВИЗИЈА,, МИСИЈА И НАМЕРА  на Заводот.Исто така се започна со стратешко планирање на активности за следната година..Процесот на стратешко планирање  и изготвување на стратешкиот документ за развој на Заводот за наредните три години е поместен за 2015 година.

 

Во втората половна на 2014 година Заводот реализира активности за добивање сертификат за ИСО Стандардизација – Структура на документи на системот за менџмент со квалитет .

Специфична цел 1.2.  Континуиран професионален развој на вработените во Заводот

 

Заради планирање  на професионалниот развој на вработените во Заводот во  2014 година  се реализираа активности за :

-Собирање на информации за потреба од  обуки за вработените во Заводот (на изготвен Прашалник)

-Обработка на податоците и  Изготвување на интерен едукациски концепт за вработените во Заводот за 2015 година

-Изготвување на Индивидуални планови за КПР за секој вработен во Заводот

 

 

Специфична цел 1.3.   Континуирано унапредување на професионалните компетенции на вработените  преку учество на обуки, на стручни собири и студиски посети

 

            Согласно  планираните активности во текот на 2014 година реализирани се активности за унапредување на професионалните компетенции на вработените преку учество на обуки.

За сите вработени во Заводот организирани се курсеви по англиски јазик-основен и  напреден курс во траење од февруари до мај- еднаш неделно. На крајот од курсот вработените се стекнаа со сертификат за завршен курс.

Во рамки на континуираниот професионален развој едно нововработено лице е обучено за  користење на електронската база на податоци Лирикус.

 

Стручните работници од Заводот се стекнаа со знаења за процесите на:

ИСО ,,Стандардизација , ,Стратешко планирање ,,Интервенција во криза,,  ,,Водење на случај со партиципација  на корисниците,,,,Mапирање, планирање на социјални услуги, мониторинг и евалуација,, ,,Зајакнување на релевантните  актери за социјална инклузија на локално ниво,, ,, Социјалната работа и  деца кои употребуваат дроги  ,,Меѓуресорска соработка на тимови за работа со деца жртви,,обука за практична примена на Законот за правда за децата ,ПРАЈД –обука за тренери за развој на згрижувачки семејства ,внес на прашања во електронски систем на полагање за лиценци.

 

 

Студиски патувања и стручни собири

Во текот на 2014 година   стручни работници од Заводот реализираа студиско  патување во Република Србија  заради  воспоставување соработка и размена на искуства со РЗСЗ Србија –особено во делот на акредитација на програми за обука и во Германија за  стекнување на знаења за процесот на,,Mапирање, планирање на социјални услуги,мониторинг и евалуација,, Двете студиски посети се реализираа со поддршка на ГИЗ Канцеларија во Македонија.

 

Во текот на 2014 година стручни работници од Заводот учествуваа на стручни собири, конференции и тоа:

 

-учество на Меѓународна научна конференција,,Достигнувањата и перспективите на социјалната работа и социјалната политика,, со труд ,,На патот кон професионалните компетенции во социјалната сфера,,

-Учество на работилница,,Политиката на стареењето во Република Македонија

-присуство на Тркалезна маса, на  Управата за извршување на санкции во делот на третманските програми за полнолетни и  малолетни осудени лица, како и деца упатени во воспитна установа

-учество на национална Конференција ,,Проактивна  и координирана борба против трговија со луѓе со фокус на трудовата експлоатација  и промоција на индикатори за идентификација на  жртви на трговија со луѓе

-,, Правна социјализација,, – превентивна програма  меѓусекторска соработка на МОН и МВР во основните училишта;-

учество на Конференција за заштита малолетни лица од злоупотребува на дроги и други психотропни супстанци

-учество на  конференција за децентрализација и локален развој

-учество на  годишна извештајна средба за соработката на Влада на РМ и Уницеф– присуство на  иницијален состанок за,,Платформи за реформи во социјалните и политиките за вработување-обука за мапирање, планирање на социјални услуги,мониторинг и евалуација

 

 

 

 

 

 

Специфична цел 1.4.Равој на мрежата на соработници  и партнери и унапредување на постојните соработнички односи со клучни институции на системот

           

Заводот  во текот на 2014 година реализира активности за воспоставување и унапредување на соработката со релевантни научни и стручни институции во земјата и странство и тоа:

 

-учество на работни средби  и како членови на работни групи во МТСП

-соработка со  Министерство за Правда

-соработка со Академија за судии и јавни обвинители,,Павел Шатев,,

-Управа за извршување санкции

-соработка со Министерство за локална самоуправа

-Воспоставена соработка со Републички Завод за социјална  заштита  на Република Србија

 

Во 2014 година Заводот согласно планираното реализира активности за унапредување на облиците и начините на соработка  со релевантни институции и организации во системот на социјална заштита,во јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор и тоа:

 

-учество во работата на Советот за превенција од малолетничко престапништво

 

-учество во работата на Национално координативно тело за лица со попреченост

 

-учество во работата  на национално координативно тело за превенција од злоупотреба и занемарување на деца –за меѓусекторски протокол за постапување со деца  злоупотребени и занемарени

 

-учество во работата на кординативното тело за дрога на  град Скопје

 

– учество во изготвување на  Платформата за деца и родители во ризик од општина Гази Баба;

 

-Учество на промоција на истражувањето за  семејното насилство во Македонија, насловено како „Глас за правда“,реализирано. д-р С. Мирчева и проф. д-р Н. Кениг.

 

– соработка со Уницеф,,ГИЗ,СЗО,ИБ.УНДП, ГО ЦИМ-Србија  Црвен Крст ,Хобс,Хера,

 

-потпишани меморандуми за соработка со НВО,,Доблест,,

 

 

 

Специфична цел 1.5. Континуирано унапредување на нормативната рамка на Заводот со усогласување и унапредување на општите и поединечните акти, извршување на законските обврски кои произлегуваат од позитивно правните прописи и регулирање на меѓусебните  права и обврски на Заводот и надворешните соработници

 

Во  2014 година Заводот тековно  реализираше активности за изготвување на правни акти  (договори,решенија,дописи,одлуки и др.) со кои се утврдуваат правата и обврските на вработените во Заводот,,направено е оценување на вработените и доставен извештај до МИОА.

Согласно законските прописи,  изготвени се  извештаи за спроведување на закони ( Законот за слободен пристап до информации од јавен карактери  Закон за еднакви можности на жените и мажите).

 

Специфична цел 1.6 Одржување и континуирано унапредување на електронската презентација – web  страна на Заводот

 

Заради осовременување и редизајнирање на web  страната , Заводот во 2014 година со поддршка на  Уницеф  обезбеди финансиски средства,за ангажирање на компанија   и во тек се активности за изработка на истата.

 

 

Општа цел 2. Развиен систем на следење и проучување на социјалните појави преку воспоставување  сеопфатен увид во социјалната состојба на ранливите групи 

 

Специфична цел 2. 1. Обезбедена сеопфатена евиденција на корисниците на услуги од социјална заштита во ЦСР

 

Во текот на 2014 година врз основа на согледувањето  на состоjбата и направената анализа на користењето на електронската база Лирикус, Заводот детектира одредени проблеми, потешкотии и недостатоци во користењето на оваа база. За надминување на состојбите се организираа повеќе обуки, работни средби и состаноци, преиспитување на внесените податоци,обработка на податоците, следење на ажурноста на внесувањето.При увидот во досиејата  задолжително се практикува проверка на внесените податоци во Лирикус. Во 2014 година внесените податоци во Лирикус  се користеа за  изготвување на месечни, квартали ,полугодишни и годишни извештаи за потребите на Заводот и МТСП. Ажурното водење на електронската  база на податоци Лирикус е препознаено како задолжителна и законска обврска на ЦСР. Со состојба 31.12.2014 година во Лирикус се евидентирани 22 022 активни корисници по сите ризици.

 

Во текот на 2014 година се интензивираа активностите за поврзување на податоци  од ЛИРИКУС и СПИЛ Програмата.Во таа насока одржани се  повеќе работни состаноци  со цел  утврдување на податоци кои можат да се поврзуваат.

 

            Планираната  активност за Осовременување и доградување на базата на податоци  со база за вработени стручни работници во ЦСР во текот на 2014 не е реализирана и е префрлена во  2015 година.

 

 

 

Специфична цел 2.2. Анализирање на социјалната ситуација на корисниците на права, мерки и услуги како и ефектите од ангажирањето на ниво на установи во системот на социјална заштита во јавниот сектор

 

Во текот на 2014 година Заводот реализира активности за идентификување и систематизација на остварените услуги во однос на одредени карактеристики на  корисниците од одредени групи на  социјални ризици врз основа на податоците од Лирикус , и наменски изготвени табели за собирање податоци. Врз основа на овие податоци се  изготвуваа прегледи,анализи и информации за одредени подрачја на работа, одредени категории на корисници  и споредба на  податоците внесени во Лирикус со фактичката состојба. Обработката на податоци се реализираше на месечно,квартално и годишно ниво. Изготвените материријали тековно се доставуваа до МТСП.  (Прилог: Список на изготвени извештаи).

 

 

Во текот на 2014 година заради следење и  евалуација на условите и ефектите на заштитата на корисниците  ,Заводот реализира.

 

следење на заштитата на корисницте сместени во УСЗ за деца: работни средби во :Детски Дом 11 Октомври –Скопје-ЈУ за  згрижување деца со воспитно-социјални проблеми Скопје , ЈУ за згижување,воспитување и образование на деца и младинци,,Ранка Милановиќ,,-Скопје- увид во досиејата , преиспитување на статусот на сместените корисниции предлагање на мерки на заштита согласно направените репроценки, обезбедено поконтинуирано следење на состојбите од страна на ЦСР , а во Дом за доенчиња и мали деца Битола реализирани се активности за репроценка на   корисници кои надминале 3 годишна возраст,заради предлагање на  соодветна форма на заштита согласно возраста и потребите. Како резултат на овие активности  за  дел од корисниците  (14) се излезени од установата и опфатени со соодветни форми на заштита согласно возраста и попреченоста.

 

следење на заштитата на корисницте сместени во УСЗ за лица со попреченост:-реализирани се работни средби во следните установи :

-Специјален Завод Демир Капија(следење на процес на деинституционализација и заштита на корисници, обука за комуникација )

-ЈУ Завод за заштита и рехабилитација -Бања Банско- следење на заштита на корисници, преиспитување на сместувањена одредени корисници, обука за Комуникација ,активности во рамки на проектот,, Бесплатна рехабилитација и рекреација на децата со пречки во развојот,,

-ЈУ за рехабилитација на деца и младинци Скопје – следење на заштитата на корисниците, преку надзор и увид во досиеја за одредени корисници

 

следење на работата во ДЦ за лица со попреченост. Прилеп, Битола, Гостивар,Тетово, Кичево, Дебар, Куманово,Гевгелија,Струмица,Кратово, Велес, Пробиштип,  Виница,Скопје )- теренски посети,увид во работата.,следење на работата преку извештаи и обуки за  вработените новоотворените дневни центри.

 

следење на работата на Станбени заедници за организирано живеење  Порака-Неготино –теренска посета

 

следење на работата на МГД Кавадарци(обуки,извештаи) и Берово-писмени извештаи  и посета

 

Следење на заштитата на стари лица – преку следење на работата ДЦ за стари лица- теренска посета (Самоков,Тимјаник,Бучин)  клубови за стари лица  – (Богомила, , Чашка) и здружение на пензионери -Вевчани ), стручна помош и поддршка на Установите за стари лица ( обуки за менаџерите и стручните работници од сите УСЗ за стари лица, обука за вработените во ЈОУ,,Сју Рајдер,,Битола,1 координативна средба (ЦСР Св.Николе и ЈОУ;;Зафир Сајто,,-Куманово) ,стручна поддршка по барање на 3 приватни установи  за стари лица (,,ПУСЗ,,Идила,, ,,Бранкица ,,и ;;Мери Трезиева,,)

 

-за сите теренски посети и работни средби изготвени се извештаи и дадени препораки за унапредување  на заштитата на корисниците

 

Заводот преку реализираните активности за следење  на заштитата и услугите кон корисниците и дадената стручна помош и поддршка,определените насоки за постапување и координирање на активностите ги зајакнуваше капацитетите на вработените во установите  за  поефикасни и поквалитени услуги кон корисниците .

 

 

 

 

Специфична цел 2.3.  Развивање и унапредување на модел на следење и известување за работата на давателите на услуги во социјалната заштита

 

Заради воспоставување на  унифициран систем на планирање и известување за работата Заводот изготви Обрасци за програмирање и известување за работата на  УСЗ за институционално сместување

 

Во рамки на овие активности одржани се  работни средби  во УСЗ за деца:  Детски дом 11 Октомври- Скопје, ЈУ за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми Скопје и ЈУ за згижување,воспитување и образование на деца и младинци,,Ранка Милановиќ,,-Скопје)

 

-изготвени се обрасци за Програма за работа на УСЗ со индикатори за следење на услугите и обрасци за известување по истите на неделно ниво

– направена е работна посета во  трите установи во насока на  согледување на состојбата  и операционализирање на активностите- изготвен е извештај и Акционен план

-континуирано следење преку работни средби  и писмени извештаи (давање насоки и обука за примена на обрасците. )

-обрасците се  доставени  до  трите УСЗ и се работи според истите

-Врз основа на следењето и добиени извештаи од установите  , Заводот изготвуваше   синтетизирани  извештаи  и поединечни извештаи за секоја установа на месечно  ниво и истите ги доставуваше до МТСП

 

           

Во рамки на активностите за функционална анализа на  ЦСР-, Заводот  го презентира изготвеното Упатство и обрасци за Програма и Извештај на ЦСР кое треба да послужи како основа за  доработка на обрасците кои ЦСР ќе почнат да  ги користат од 2015 година..

 

Општа цел 3. Иницирање на промени и промовирање на добри пракси усогласени со европски политики и пристапи во социјалната заштита како предуслов за унапредување  на социјалната политика

 

Специфична цел 3.1. Промовирање  на  позитивни искуства на давателите на услуги преку учество на конференции, семинари, работни и стручни  средби    на  секторско  и  интерсекторско ниво

 

            Во  2014 година  Заводот  реализира активности за промовирање на својата работа и размена на искуства со  слични институции во регионот. Подготви  промотивен видео материјал за Заводот  и истиот го промовира на работните средби со претставници на Републичкиот Завод за социјална заштита на Република Србија и на  Саемот организиран во рамки на проектот,, Зајакнување на релевантни актери за  Инклузивен  пазар на труд,,

 

Позитивните искуства на давателите на услуги   од страна на Заводот се презентирани на  работни средби и  семинари   на секторско и интерсекторско ниво како позитивни пракси кои можат да се реализираат и во други средини на локално ниво.

 

 

Специфична цел 3.2 Поттикнување на унапредувањето на нормативната рамка на системот на социјална заштита преку давање предлози,препораки и сугестии и учество во релевантни работни групи за изготвување на законски и  подзаконски акти

           

Заводот за социјални дејности во текот на 2014 година, врз основа на податоците со кои располага, следењето на состојбите во социјалната заштита, компаративните анализи и законски решенија во регионот и пошироко даде свој придонес и стручно мислење за изготвување на законски и подзаконски акти преку учество во :

– работна група за изготвување на Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство и подзаконски акти

 

– работна група за измени и дополнување на Закон за социјална заштита

 

– работна група за измени на Закон за семејство

 

-работна група за Закон за вработени во јавен сектор

 

-работна средба за изготвување на Програма за ресоцијализација  и реинтеграција на жртви на трговија со луѓе и Програма за ресоцијализација и реинтеграција на деца жртви на трговија со луѓе

 

-работна група за изготвување индикатори за правда за децата

 

-работна група за  изработка на ,,Протокол за постапување во процесот на превенција и заштита од злоупотреба и занемарување,,  организирана од СЗО

 

-работна група за подготовка на Правилник за функционална проценка на лица со попреченост

 

– работна група за подготовка на извештај за  имплементација на  Конвенцијата за правата на лицата со попреченост

 

– меѓу-министерска работна група за социјална заштита- парични права од детска заштита-

 

-работна група за изготвување Програма за располагање со имот кој ЦСР го стекнал по основ на договор за доживотна издршка

-работна група за изготвување на  Процедури  за постапување при упатување на корисници во станбени единица  за организирано живеење со поддршка

 

-работна група за реалиизрање на Проектот,,Обезбедување на самоодржливост на Дневните центри во РМ,,Инклузивни и креативни,,

 

-работна група за обезбедување на асистивна технологија за лицата со попреченост од Струга

 

-учество во работа на Комисијата за разгледување  и рангирање на корисници на услуга од бесплатна рехабилитација и рекреација на деца и младинци со пречки во развојот

 

-стручно мислење за подзаконски акти во врска со згрижувачки семејства

 

Општа  цел 4. Подобрен квалитет на социјални услуги преку јакнење на капацитетите на давателите на услуги, развој на услуги и воведување систем на квалитет

 

Специфична цел 4.1. Унапредување на компетенциите на стручните работници во ЦСР и УСЗ  преку  надзор над стручната работа и  други видови поддршка

 

Во текот на 2014 година  Заводот реализира надзор над стручната  работа во:

– еден ЦСР (Прилеп) согласно донесено Решение од Министерот  ( изготвен е извештај ,определни  се мерки, изготвен акционен план и реализирано следење  во период од 6 месеци. ) ЦСР   постапил по опредените мерки и  реализиран е планот за поддршка на стручните работници  од страна на Заводот).

 

– надзори по   65 преставки  во 18 ЦСР – определени се мерки за постапување, Заводот во континуитет  го следи постапувањето и  констатира дека ЦСР ги преземаат потребните активности согласно определените мерки.

 

– надзор во 5 УСЗ (Специјален Завод Демир Капија, ЈУ за рехабилитација на деца и младинци Скопје Детски Дом 11 Октомври –Скопје-ЈУ за  згрижување деца со воспитно-социјални проблеми Скопје , ЈУ за згижување,воспитување и образование на деца и младинци,,Ранка Милановиќ,,-Скопје-,), во однос на преиспитување на статусот и потребите на конкретни корисници. По определените мерки установите постапиле, дел од корисниците се упатени на рекатегоризација, а за дел е определена друга форма на заштита во соработка со меснонадлежните ЦСР.

 

-постапување  по 5 барања на странки  за искажано незадоволство од работата на ЦСР-согледана  е состојбата, определени се мерки,или препораки  за ЦСР, а незадоволните странки се известени за  констатираното,или упатени за понатамошно постапување .

 

Заводот во текот на 2014 година заради зајакнување на капацитетите на ЦСР/УСЗ, реализира активности за  идивидуална  стручна поддршка  согласно нивните  индивидуални потреби и барања во спроведување на одредени постапки со корисниците:

 

– 2 работни средби со УСЗ за стари лица-Презентација на системот на институционална заштита на стари лица во РМ ( за  менаџери и  стручни лица )

 

16 координативни средби  за  конкретни корисници  заради координирање на активностите и определување на чекори на постапување на  установите  надлежни за постапување  во заштитата на корисниците ( меснонадлежни ЦСР или ЦСР и УСЗ). Заводот во континуитет го следи постапувањето и заштитата на корисниците кои биле предмет на координативните средби.

 

Заводот  во текот на 2014 година заради следење на партиципативноста на корисниците   во  планирањето и третманот   изготви Прашалник за мерење на задоволството на корисниците  од дадените услуги во ЦСР..Истиот е тестиран  во 2 ЦСР(Дебар и Прилеп )за 5 корисници  Истиот е  добро прифатен од корисниците и  дава резултати   за мерење на квалитетот на услугите кон корисниците.

 

 

 

Специфична цел 4.2 Реализирање на процесот на лиценцирање на стручните работници во системот на социјална заштита

 

Во 2014 година Заводот реализира активности за реалиизирање на работата на Комисијата за лиценцирање :

– Одржани се-6 седници на Комисијата

– три сесии за проверка на имплементација на стручното знаење -41 кандидат

-две сесии за основна обука –обучени 36 стручни работници

 

Согласно измените и дополнувањата на Законот за социјална  заштита  во делот на лиценцирање Заводот ги реализира следните активности :

-писмена и усна комуникација  на членовите на Комисијата за лиценцирање за одредување на области и подготовка  на испитни прашања

-работни средби за изготвување на прашања за теоретски и практичен дел

-активности за усогласување на актите за работа на Комисијата за лиценцирање со измени на Законот и изготвување прашања за електронско полагање

-учество на обука за внес на прашања во електронскиот систем на полагање на стручните работници за стекнување со лиценца

 

Во рамки на процесот на лиценцирање пред  Комисијата за  лиценцирање ба презентирани  трудови од практичната работа на стручните работници. Комисијата направи селекција на трудовите и подготви   Зборник на трудови  презентирани пред Комисијата за лиценцирање -,,Социјална работа на дело,,-испечатен кон крајот на 2014 ,промовиран од страна на Министерот за труд и социјална политика и дистрибуиран до ЦСР и УСЗ.

 

Во рамки на процесот на лиценцирање Комисијата за лиценцирање изготви Кодекс за стручните лица во установите за социјална заштита според кој стручните лица треба да постапуваат.Заради  мониторирање на  примена на одредбите од Кодексот Заводот во текот на 2014 година -изготви  образец за мониторинг на Кодексот –со индикатори  .Мониторирањето ќе започне со реализација  во текот на 2015 година.

 

Специфична цел 4.3 Планиран континуиран професионален развој на стручните работници во системот на социјална заштита

 

Согласно законските надлежности за реализирање на континуираниот професионален развој  на стручните работници,Заводот изготви  Програма за Континуирана едукација на стручните работници во установите во социјалната заштита за 2014 година и Оперативен план за реализирање на обуките .Заводот има воспоставено централна евиденција на лиценцираните стручни работници и евиденција на видот на поминати обуки и број на часови за секој стручен работник. Заради полесно следење и планирање на обуките  изготвени се посебни прегледи за секој ЦСР/УСЗ. При планирањето на обуките во предвид се земени потребите на вработените, потребите на одделни ЦСР/УСЗ, актуелните  законски  и подзаконски акти, приоритетни подрачја на работа и  актуелни ризици за постапување.

Во текот на 2014 година Заводот,реализира активности за поддршка на ЦСР и УСЗ за  изготвување на планови за КПР  на организационо и индивидуално ниво .Реализирани се работни средби со  директорите на 14 ЦСР(Скопје, Куманово, Тетово,Охрид,Свети Николе, Кичево, Дебар, Струга, Кочани , Виница,Гостивар, Битола и  Кр.Паланка)и со  директорите на 2 УСЗ( Специјален Завод Демир Капија и ЈУ за заштита и рехабилитација Бања Банско-Струмица).Средбите се во функција на  планирање на обуките на организациско и индивидуално ниво и за планирање и испорака на обуки на работно место.

 

Во 2014 година согласно Оперативниот план  се  реализирани активности за испорака на обуките со динамика по 5-10 обуки месечно .Во 2014 година Заводот организира обуки по одредени модули преку :  регионални обуки, обуки на работно место, обуки еден на еден  (на обуките учествуваа вкупно  860 лица)Вкупно се реализирани 59 работилници и тоа:

-10 работилници за  основна обука  во траење од 40 часа    како услов за стекнување со лиценца (обучени 36 стручни работници ) и

-49 работилница за континуирани обуки- како услов за  продолжување на лиценцата ( обучени 528 лица).

Со реализираните обуки се зајакнуваат капацитетите на  стручните работници за : соодветна комуникација со корисниците, добра проценка на потребите на корисниците,ажурно и навремено постапување, добро планирање на  третманот и континуирано следење на  состојбата на корисникот, подобрена евиденција и документација на стручната работа.

 

Во текот на 2014 година  Програмата за континуиран професионален развој на стручните работници во системот за социјална заштита  се збогати со уште еден Модул -18,,Модул за трговија со луѓе,, Испораката на обуки по овој модул ќе започне во 2015 година.

 

Заради следење на примената на стекнатите знаења,вештини и техники на обуките во практичната работа со корисниците Заводот воспостави систем на мониторинг. Изготвен е образец, реализирани се теренски посети во ЦСР и направено е согледување на примената на знаењата од обуките испорачани од Заводот во периодот 2012-1013 година. Во текот на 2014 година реализирани се работни средби и увиди во досиеја во 23 ЦСР (Куманово,Виница, Делчево Штип, Пилеп, Кичево, Гостивар, Тетово, Крушево, Кратово, Битола, Радовиш, Дебар,Скопје, Струмица, Велес, Пробиштип, Струга,  Охрид, Гевгелија, Кавадарци, Берово, Крива Паланка) и во 2 УСЗ (Дом за доенчиња и мали деца Битола и ЈУ Завод за рехабилитација Бања Банско Струмица).  Мониторингот е реализиран за одредени подрачја на работа и тоа: правда за децата(во најголем број случаи),посвојување, брак и семејство,сместување на деца и лица со попреченост/

Констатирано е дека стручните работници започнале со примена на знаењата, вештините и техниките ,во сите, или во поедини случаи. Преку мониторингот согледана е состојбата, дадени  се дополнителни насоки за постапување, дообјаснети се дел од техниките  и определени се мерки за нивна  натамошна задолжителна примена во работата со корисниците.

           

Заради подобрување ,осовременување и унифицирање на работата на ЦСР во давањето на услуги кон граѓаните изложени на одредени ризици Заводот во текот на 2014 година ја финишира работата  на  ,,Стандардите и процедурите за  работа на ЦСР,,.Истите со поддршка на Уницеф се отпечатија и во текот на септември беа дистрибуирани до секој стручен работник, како задолжителни за постапување. Со имплементирање на стандардите и процедурите се очекувада се унапредат компетенциите на стручните работници , подобрување на квалитетот на услугите, подобрување на проценката на потребите на корисниците, навремено, ажурно постапување согласно степенот и видот на ризик, , партиципација на корисниците и континуирано следење.

Следењето на имплементацијата на стандардите во секојдневната работа со корисниците ќе се реализира од 2015 година.

 

Планираното изготвување на стандарди и процедури за работа со лица со попреченост ќе се реализира по завршување на активностите за  воведување на функционалната проценка на потребите на лицата со попреченост.

 

Во рамки на активностите за подобрување на квалитетот на услугите кон корисниците во текот на 2014 година , вработените во Заводот реализираа работни состаноци за започнување на процесот на  осовременување и ревидирање на  обрасците за изготвување на стручна документација (Наоди и мислења и План за индивидуална работа). Активностите ќе продолжат и во 2015 преку  работни средби со вработените од ЦСР, усвојување на  новите обрасци и обука за нивна примена.

 

Општа цел 5  . Јакнење на капацитетите на локалните самоуправи и  развој на меѓуинституционалната соработка на локално ниво  како основа за процесот на децентрализација и плурализам на услугите.

Во 2014 година Заводот продолжи со своите активности за јакнење на капацитетите на локалните самоуправи и институциите на локално ниво за воспоставување на меѓуинституционална и мултиресорска соработка заради координирање на активностите во заштита  и давање услуги на ранливите групи граѓани преку:

-Обука за здобивање  информации, знаења и вештини за  воспоставување на меѓуинституционална и мултиресорска соработка во локални  заедници- активности за воспоставување на координативни тела во  Пробиштип,Кочани и Дебар и обука  на  членовите на координативните тела  за постапување со ранливите категории граѓани на подрачјето на нивните општини.

 

 

-Поддршка на Општинските Центри за социјални услуги преку обуки, работни средби , мониторинг и евалуација (Обука за,, Мапирање на ранливи групи граѓани на локално ниво,, Комуникација,,Со едукација и знаење до превенција од сексуална злоупотреба/педофилија,,и обука за превенција од злоупотреба на дрога,,)

Преку овие активности  се јакнат капацитетите на локалните самоуправи и институциите на локално ниво за сензибилизирање за потребите на ранливите категории граѓани и планирање на  развој на ресурси на локално ниво согласно утврдените потреби.

 

Заводот врз основа на следењето и мониторирањето на работата на Центрите за социјални услуги во трите општини  , констатираните позитивни пракси  ги промовира  и во другите општини преку теренските  посети и работни средби во ЦСР  како можност за развој на вакви ресурси и во нивните општини.

            Активностите  во рамки на оваа програмска цел се реализираа со поддршка на ГИЗ Канцеларија  Македонија.

 

Прилози:

  • Изготвена Информација за деца без родители и родителска грижа кои во наредните 3 год се очекува да ги напуштат домовите и згрижувачките семејства
  • Изготвување на квартални анализи (I , II и III квартал)
  • Изготвени предлози за законски промени за децата без родители и родителска грижа
  • Изготвување на Компаративна анализа на моделите за згрижувачки семејства во Европа – професионални згрижувачки семејства
  • Изготвена информација за  деца без родители и родителска грижа сместени во ЈУ Детски Дом 11 Октомври Скопје јуни 2014 год
  • Анализа на податоците од Посебниот регистар  за лица осудени со правосилна пресуда  за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија –месечни, шестомесечни и годишни извештаи
  • Извештаи за состојбата во малолетничка правда и имплементација на ЗМП квартални и годишни
  • Компаративна анализа на состојбата на новоевидентирани деца во ризик и малолетни сторители на кривични дела   според податоците добиени од Лирикус и табеларните квартални податоци добиени од Центрите за социјална работа (2011-2013);
  •  Извештаи за состојбата на корисници во делот на Законот за правда за децата – согласно податоците добиени од програма „Лирикус“- за различни периоди
  • Хронолошки извештај за активностите на ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје во делот на постапување на центрите за социјална работа во РМ со категоријата „деца на улица,, (2010 – 2014);
  •  Извештај за активности на сите ЦСР во РМ, од  „Акцискиот план за деца на улица март-јуни 2014год.“
  • Извештаи за примена на  мерките на помош и заштита од страна на центрите за социјална работа во Република Македонија, согласно Законот за правда за децата-квартални и годишен
  •  Извештај до Министерство за Прадва согласно ,, Листата на индикатори за следење на Законот за правда за децата,, за 2013 год.
  • Извештај  за состојбата на корисници од социјални ризици – деца жртви на сексуална злоупотреба, деца на улица, деца во ризик и строители на кривични дела според програмата Лирикус (јануари – септември 2014 година );
  • Извештај од реализираниот увид во дневните центри за стари и возрасни лица  и центрите за давање помош во домашни услови во Република Македонија (Мај 2014 – Декември 2014)

 

 

  • Компаративен извештај за корисници од базата Лирикус за лица со попреченост во менталниот и телесниот развој сместени во установи за социјална заштита за период 2009-2014;

 

  • Месечни и квартални извештаи од базата Лирикус за лица со попреченост во менталниот и телесниот развој сместени во УСЗ;

 

  • Следење на податоци за корисници  од областа која се однесува на ризици- брак и семејство од базата на ЛИРИКУС;

 

  • Следење на податоци за корисници кои се лица со инвалидност од прибавени од УСЗ и ЦСР ;

 

  •  Извештај за дадени услуги во Советувалишта за брак и семејство во Р.Македонија –во различни периоди  и годишно

 

  • Квантитативна анализа на дадени  состојба- дадени услуги во центри за социјална работа во Р.Македонија  во областа на брак и семејство за  различни периоди
  •  Анализа за работна окупација кај лицата со интелектуална и телесна попреченост-корисници на Дневните центри за потребите на проектот: „Инклузивни и креативни“.
  • Извештаи за проектот: „Бесплатна рехабилитација и рекреација на деца со пречки во развојот“
  • 8 извештаи од обуките за достапна администрација за лица со хендикеп.

 

  • Изготвување на 7 извештаи за реализираните работни средби во Дневните центри за деца и младинци со попреченост.
  • Извештај за учеството на обуките за PRIDE програмата.
  • Квартални извештаи за Дневните центри за деца и лица со пречки во развојот.
  • Изготвување на Информација до Влада на РМ за проектот: „Бесплатна рехабилитација и рекреација на деца со пречки во развојот“. (15.08.2014)
  • Изготвување на Извештај за увид во работата на  собата за физикална терапија во рамките на дневниот центар за деца и младинци со пречки во Гевгелија (03.11.2014).
  • Месечни извештаи за состојба на лица со пречки во развојот според ЛИРИКУС.

Обработка на податоците за состојбата на семејното насилство во РМ на квартално и годишно ниво во 2014 година.