Во Република Македонија функционират 30 центри за социјална работа територијално организирани со точно определена месна надлежност.

Со цел да се направи увид во проблематиката на брачни и семејни релации и користење на услуги во системот на социјална заштита во решавање и надминување на дисфункционалност на семејните односи во Република Македонија, направен е преглед на податоци, добиени од центрите за социјална работа. Обработените податоци се однесуваат на обезбедените  услуги и мерки на заштита во оваа проблематика, во сите 30  центри за социјална работа.

Табела 1    Преглед на поделба на Центри за социјална работа по региони

 

 РЕГИОНИ ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА
СКОПСКИ Скопје
ЈУГОЗАПАДЕН КичевоОхридДебар

Струга

М.Брод

ПОЛОШКИ ГостиварТетово
ПЕЛАГОНИСКИ БитолаПрилепРесен

Крушево

Демир Хисар

ВАРДАРСКИ КавадарциВелесСвети Николе

Неготино

ЈУГОИСТОЧЕН СтрумицаВаландовоГевгелија

Радовиш

ИСТОЧЕН БеровоДелчевоВиница

Штип

Пробиштип

Кочани

СЕВЕРОИСТОЧЕН КумановоКратовоКрива Паланка

 

 

Табела 2

 

 Преглед на број на ризици и мерки во проблематика на брак и семејство во ЦСР на РМ  по региони во 2014 г.

 

  РЕГИОНИ Ново-евидентирани лица со нарушени партнерски или брачни односи  ПРОЦЕНТ  Покренати постапки за вонбрачно доверување  ПРОЦЕНТ Покренати постапки за уредување на личните односи и непосредни контакти со родител или член на семејство со кого не живеат ПРОЦЕНТ   Поведена постапка за вршење надзор над вршењето на родителското право   Поведена постапка на одземање на родителското право
СКОПСКИ 650 27% 64 33% 250 27% 13 10
ЈУГОЗАПАДЕН 257 11% 13 7% 92 10% 4 1
ПОЛОШКИ 302 13% 17 9% 41 4% 2 2
ПЕЛАГОНИСКИ 309 13% 47 24% 226 25% 8 1
БАРДАРСКИ 222 9% 9 5% 102 11% 8 7
ЈУГОИСТОЧЕН 226 9% 21 11% 75 8% 2 1
ИСТОЧЕН 280 12% 9 5% 106 12% 7 2
СЕВЕРО-ИСТОЧЕН 141 6% 11 6% 27 3% 0 0
 ВКУПНО  2387  100  191  100  919  100  44  24

 

Анализираните податоци од извештајот се од кванитетивен карактер и даваат општа слика за бројот на корисници и мерки од страна на ЦСР, во областа која го третира семејството, патрнерските и брачните односи, како и родителската одговорност.

Во периодот за кој се однесуваат податоците, во 30 центри за социјална работа во Република Македонија прикажани се вкупно 2387 ново-евидентирани лица со нарушени брачни или партнерски односи.

Во текот на 2014 година во 30 центри за социјална работа било покренато 919 постапки за уредување на личните односи и непосредни контакти на дете со родителот или блиски сродници со кои не живее и 191 постапка за вонбрачно доверување на едно или повеќе малолетни деца на еден од родителите.

 

 

Табела 3  Преглед на број на ризици-постапки во проблематика на брак и семејство во ЦСР во РМ  по региони во 2014 г.

 

РЕГИОНИ Покренати постапки за уредување на личните односи и непосредни контакти со родители или чл. на семејства со кои децата не живеат Покренати постапки за вонбрачно доверување Ново-евидентирани лица со нарушени партнерски или брачни односи
СКОПСКИ 250 65 650
ЈУГОЗАПАДЕН 92 13 257
ПОЛОШКИ 41 17 302
ПЕЛАГОНИСКИ 226 47 309
ВАРДАРСКИ 102 9 222
ЈУГОИСТОЧЕН 75 21 226
ИСТОЧЕН 106 9 280
СЕВЕРОИСТОЧЕН 27 11 141

 

 

 

 

ПОСТАПКА ЗА ВРШЕЊЕ НАДЗОР НАД ВРШЕЊЕ НА РОДИТЕЛСКО ПРАВО

Со цел на заштита на личноста, правата и инересите на детето, центарот за социјална работа може да донесе решение за надзор над вршење на родителското право во поглед на сите деца или само на некое. Претходно, преку советовалишно-советодавна работа родителите треба да се предупредени за недостатоците во воспитанието и по потреба упатени во соодветна советувалишна или друга установа како неопходна, дополнителна стручна помош.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Табела 4  Преглед на покренати постапки за вршење надзор над вршење на родителско право во ЦСР во РМ по региони во 2014 г.

 

 

РЕГИОНИ Преглед на покренати постапки за вршење надзор над родителското право
СКОПСКИ 13
ЈУГОЗАПАДЕН 4
ПОЛОШКИ 2
ПЕЛАГОНИСКИ 8
ВАРДАРСКИ 8
ЈУГОИСТОЧЕН 2
ИСТОЧЕН 7
СЕВЕРОИСТОЧЕН 0
  вкупно             44

 

 

Во текот на 2014 година покренати се 44 постапки, како мерка за заштита на малолетните деца преку надзор над вршење на родителското право.

Во 24 предмети е применета мерката одземање на родителското право.

 

ПОСТАПКА ЗА ОДЗЕМАЊЕ НА РОДИТЕЛСКО ПРАВО

 

Законодавецот во РМ има предвидено заштита на дете кога ќе се утврди дека родителот го злоупотребува или грубо го занемарува вршењето на родителското право, и тоа преку судско решение во вонпроцесна постапка за одземање на вршење на родителското право за едно или повеќе деца. Предвидени се и околности за кои се смета дека се основани за да центарот за социјална работа, другиот (незлоупотребувачкиот) родител или јавниот обвнител да поднесат до судот  предлог за ваква мерка на заштита на детето.

 

 

 

 

 

Табела 5  Преглед на покренати постапки за одземање на родителско право во ЦСР во РМ по региони во 2014 г.

 

 

РЕГИОНИ Преглед на покренати постапки за вршење надзор над родителското право
СКОПСКИ 10
ЈУГОЗАПАДЕН 1
ПОЛОШКИ 2
ПЕЛАГОНИСКИ 1
ВАРДАРСКИ 7
ЈУГОИСТОЧЕН 1
ИСТОЧЕН 2
СЕВЕРОИСТОЧЕН 0
  вкупно             24

 

 

Во текот на 2014 година била покрената постапка на одземање на родителското право во следните 10 центри за социјална работа: Велес, Гостивар, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Дебар, Делчево, Кавадарци, Берово и Скопје.

Од добиените информации од центрите за социјална работа, начеста причина за поведување на оваа постапка е грубо занемарување и несоодветна грижа за децата, нивното напуштање од страна на еден или двата родители, како и  здравствена состојба на родител, поради која не може соодветно да се грижи за детето или децаа. Во вакви ситуации ЦСР  бара грижата да ја преземе некој од блиското семејство, кој најчесто се поставува за старател. Доколку нема ресурси кај блиските сродници, што е најсоодветна и најприродна среднина, детето се згрижува  со сместување во згрижувчко семејство или во установа.

(За подетални информации за овој материјал може да се обратите во ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје.  

Одговорно лице Аленка Бинички Арсеновски, социјален работник)