Заводот согласно законските надлежности врши следење на социјалните ризици поврзани со Законот за правда за децата, односно децата во ризик и децата во судир со законот, како и негова имплементација во системот на социјална заштита и примената на мерките на помош и заштита на оваа категорија корисници.
Предмет на овој извештај е согледување на состојбата на оваа категорија корисници во сите 30 центри за социјална работа во Р.Македонија и анализа на преземените активности и дадените услуги на овие деца и нивните семејства за период април – јуни 2017 година.
Овој извештај е направен врз основа на согледување на следниве индикатори:
- добиени известувања и акти по кои постапува ЦСР (од МВР, училиште, родители, НВО, оштетен и др, како и акти од ЈО и СУД.);
- вид на корисник (дете во ризик; дете во ризик до 14 год.; дете во ризик во ризик од 14 до 18 год.; дете во судир со законот од 14 до 16 год.; дете во судир со законот над 16 год. и помладо полнолетно лице – кое наполнило 18 год., а не наполнило 21 год.);
- добиени решенија за изречени санкции од СУД по кои постапува ЦСР;
- применети форми на заштита од страна на ЦСР кон оваа категорија корисници.
Во перидот април-јуни 2017 година добиени се вкупно 725 известувања и акти по кои постапувале центрите за социјална работа и тоа :
Табела бр. 1
Добиени акти (известувања од училиште,родители, МВРи сл.+ЈО и СУД.)
|
Добиени во април-јуни 2017 год. |
Дете во ризик |
76 |
Дете во ризик до 14 години |
90 |
Дете во ризик од 14-18год. |
201 |
Дете во судир со законот од 14-16год. |
114 |
Дете во судир со законот над 16 год. |
224 |
Помладо полнолетно лице (кое наполнило 18 год., а не наполнило 21 год.) |
20 |
Вкупно:
|
725 |
Во центрите за социјална работа во перидот април-јуни 2017 год. била спроведена стручна работа спрема вкупно 2272 деца, од кои 576 ново евидентирани во назначениот квартал.
Според категоријата и возраста на децата состојбата е следна :
Табела бр. 2
Спроведена стручна работа спрема деца во ЦСР според категорија и возраст
|
Евидентирани деца и малолетници во претходните години, а со кои се работи во април-јуни 2017 год. |
Ново евидентирани деца во ЦСР за прв пат во април-јуни 2017 год. |
Вкупно |
Дете во ризик |
207 |
82 |
289 |
Дете во ризик до 14 години |
230 |
70 |
300 |
Дете во ризик од 14-18год. |
330 |
158 |
488 |
Дете во судир со законот од 14-16год. |
446 |
74 |
520 |
Дете во судир со законот над 16 год. |
435 |
177 |
612 |
Помладо полнолетно лице ( кое наполнило 18 год., а не наполнило 21 год.) |
48 |
15 |
63 |
Вкупно:
|
1696 |
576 |
2272 |
Во назначениот квартал, од вкупниот број на евидентирани деца во ризик (289), 26 се „деца на улица“ од кои:
- 11 деца се евидентирани во првиот квартал на 2017 година, но центарите за социјална работа превземале активности и во вториот квартал на 2017 година;
- 15 деца се ново евидентирани;
- 15 деца од машки пол (6 на возраст до 6 години; 9 на возраст од 7 до 12 години);
- 11 деца од женски пол (4 на возраст до 6 години; 7 на возраст од 7 до 12 години).
Од вкупниот број на евидентирани деца во ризик (289), 31 се „деца жртви на сексуална злоупотреба“ од кои:
- 19 деца се евидентирани во првиот квартал 2016 година, но центарите за социјална работа превземале активности и во вториот квартал на 2017 година;
- 12 деца се ново евидентирани;
- 4 од машки пол (2 на возраст од 7 до 12 години);
- 27 деца од женски пол (2 на возраст до 6 години, 9 на возраст од 7 до 12 години и 16 на возраст од 13 до 18 години).
За децата кои се јавуваат како сторители на кривични дела и прекршоци, реакцијата на судскиот систем преку изречени санкции, може да се согледа низ следниве податоци :
Табела бр.3
Добиени решенија со изречени санкции од Судот кои се реализираат во ЦСР
|
Решенија со изречени санкции во претходните години, но сеуште се спроведуваат во април-јуни 2017 год. |
Решенија со изречени санкции по првпат во април-јуни 2017 год. |
Вкупно |
Укор |
483 |
159 |
642 |
Центар за млади |
0 |
0 |
0 |
Засилен надзор од страна на родители |
337 |
61 |
398 |
Засилен надзор од страна на родители под контрола на социјален орган |
55 |
2 |
57 |
Засилен надзор од страна на Центарот за социјална работа |
298
|
31
|
329 |
Алтернативна Мерка |
0 |
0 |
0 |
Законот за правда за децата упатува на примена на мерки за помош и заштита кои ги нуди како можни решенија при состојба на ризик на детето и неговото семејство, обезбедуваат состојбата на ризик да не се продлабочи, притоа овозможуваат превенција на детското престапништво и намалување на рецидивизмот.
Согласно Правилникот за формата и содржината и начинот на водење на Регистарот за примена на мерки на помош и заштита на деца и малолетници во ризик (Сл.весник бр.136 од 30.10.2008 година) во центрите за социјална работа во периодот април-јуни 2017 година применети се вкупно 2615 мерки, спрема 2588 деца и тоа најмногу оние кои се поврзни со Законот за социјална заштита односно примена на вонинституционална заштита, теренска работа, обезбедување на лична документација, институционалната заштита и во делот на остварување на парична помош. Видлива е применливоста и на Законот за семејство и Законот за малолетничка правда.
Најмалку се применуваат мерките на помош и заштита поврзани со Законот за основно и средно обазование, како и со Законот за здравство, што говори за недоволна, односно слаба соработка или недостаток од ресурси во овие сектори.
Табела бр.4
Форми на заштита согласно Правилникот за формата и содржината и начинот на водење на Регистарот за примена на мерки на помош и заштита на деца и малолетници во ризик ново евидентирани и евидентирани во претходите години
|
Број на мерки за помош и заштита преземени спрема деца,малолетници и нивните семејства во април – јуни 2017 година |
I. ЗАКОН ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА
1. Вонинституционална заштита
(шифра 1202)
3. Теренска работа
· Увид во домот (шифра 4001)
· Интервенција во училиштето (шифра 4003)
· Интервенции во здравството (шифра 4004)
· Соработка со НВО (шифра 4201)
· Други облици на помош и заштита (шифра 3908)
4. Обезбедување на лична документација
5. Право на социјална помош
· Еднократна парична помош (шифра 1606)
|
518 мерки, спрема 425 деца
443 мерки, спрема 463 деца
329 мерки, спрема 336 деца
185 мерки, спрема 163 деца
5 мерки, спрема 5 деца
26 мерки, спрема 26 деца
3 мерки, спрема 3 деца
17 мерки, спрема 17 деца
1 мерка, спрема 1 дете
6 мерки, спрема 6 деца
396 мерки, спрема 400 деца
96 мерки, спрема 95 деца
31 мерка, спрема 31 дете
5 мерки, спрема 5 деца
25 мерки, спрема 25 деца
5 мерки, спрема 5 деца
16 мерки, спрема 16 деца
2 мерки, спрема 2 деца |
II. ЗАКОН ЗА СЕМЕЈСТВО
· Надзор над вршењето на родитњлското право (преземање посебни мерки заради заштита на личноста, правата и интересите на детето) (шифра 1903)
· Ги предупредува родителите на недостатоците во воспитанието и развојот на детето (шифра 1904)
· Вршење постојан надзор над вршењето на родителското право во поглед на сите деца или само во поглед на некое од нив (шифра 1908)
|
3 мерки, спрема 3 деца
25 мерки, спрема 25 деца
30 мерки, спрема 64 деца
1 меркa, спрема 1 дете
1 мерка, спрема 1 дете |
III. ЗАКОН ЗА МАЛОЛЕТНИЧКА ПРАВДА
1. Постапување со дете и малолетник во ризик
· Покрената постапка од доверлив карактер (шифра 2603)
· Реализирана постапка за посредување и порамнување (шифра 3201)
· Известување до надлежниот судија за малолетници дека семејството или старателот не ја спроведува програмата на центарот (шифра 2604)
|
376 мерки, спрема 399 деца
17 мерки, спрема 17 деца
53 мерки, спрема 54 деца
|
Изготвиле:
С.П.Мишевска, психолог
д-р Н.Петровска, педагог