за продолжување на рокот за пријавување на кандидати за членови на Комисијата за одобрување на Програми за Континуирана професионална едукација при ЈУ Завод за социјални дејности –Скопје

Комисија за одобрување на Програми за Континуирана професионална едукација 

Јавната Установа Завод за социјални дејности – Скопје, согласно Законот за социјалната заштита (СЛ.Весник на РСМ бр,104/2019) спроведува активности за професионален развој на стручните работници во  установите за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги за што формира Комисија за одобрување на Програми за Континуирана професионална едукација, по претходна согласност на министерот.

Комисијата за одобрување на Програми за Континуирана професионална едукација е составена од 5 (пет) члена, со мандат од 2 (две) години и можност за повторен избор, претставници од следните институции:

  • Министерство за труд и социјална политика -1 (еден) претставник
  • Завод за социјални дејности –  2 (два) претставника
  • Високо-образовни установи за социјална работа и социјална политика  – 2 (два) претставника

За таа цел се повикуваат заинтересирани претставници од горе наведените институции кои поседуваат знаења, вештини и компетенции во сферата на социјалната заштита, имаат најмалку 10 (десет) години работен стаж во областа и се мотивирани со сопственото ангажирање да учествуваат во развој на капацитетите на професионалците во системот на социјалната заштита, да искажат интерес за членување во Комисијата за одобрување на Програми за Континуирана професионална едукација, која ги врши следниве работи:

  • Спроведува постапка и одобрува Програма за  Континуирана професионална едукација
  • Го известува Заводот за социјални дејности за одобрени програми заради внесување во електронски регистар на одобрени програми за професионална едукација
  • Најмалку еднаш годишно објавува јавен повик за поднесување програми за континуирана професионална едукација

Членовите на Комисијата за одобрување на Програми за Континуирана професионална едукација имаат право на годишен паричен надоместок во износ од најмногу две просечни исплатени месечни нето плати во Република Северна Македонија за претходната година, кој го определува министерот со решение.

Стручните и административните работи за потребите на работата на Комисијата за одобрување на програми за континуирана професионална едукација ги врши Заводот за социјални дејности.

Потребни документи :

Писмо за интерес

Доказ за вработеност во горенаведените институции

Доказ за работен стаж во областа на социјална заштита

Рокот за доставување на потребните документи се продолжува и истиот  е  до 02 август 2019 година, на следната адреса: Ул. ,,11 Октомври,, 42а, Скопје или на E-mail адреса:

 juzsd-sk@mtsp.gov.mk

лице за контакт: Емилија Размоска

контакт телефон: 02 3230 401 или 070-249-392