Заводот за социјални дејности е јавна установа за унапредување на социјалната дејност, со надлежност на територија на целата држава, која согласно Законот за социјалната заштита , ги врши следниве работи:

  • следи, истражува и анализира социјални појави и проблеми;
  • предлага мерки за унапредување на дејноста социјална заштита;
  • спроведува лиценцирање на стручните работници во дејноста социјална заштита;
  • спроведува активности за професионален развој на стручните работници во установи за социјална заштита и други даватели на социјални услуги;
  • врши проценка на потреби од континуирана професионална едукација на стручните лица во установите за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги и носи програма за континуирана професионална едукација по претходно мислење од Комисијата за одобрување програми за континуирана професионална едукација;
  • дава стручно мислење при изготвување на програми и стратегии за развој на социјалната заштита;
  • подготвува стандарди и процедури   за работа на стручните лица во установите за социјална заштита и другите овластени даватели на социјални услуги;
  • води електронски регистар на одобрени програми за професионална едукација
  • донесува Етички кодекс за стручните работници во дејноста социјална заштита;
  • врши надзор над стручната работа на установите за социјална заштита и другите овластени даватели на социјални услуги;

спроведува супервизија во стручната работа во јавните установи за социјална заштита и на стручните лица во Агенцијата за вработување на Република Македонија–центри за вработување, а кои работат на водење на случај и соработуваат со стручните лица во центрите за социјална работа;

  • остварува стручна соработка со домашни и меѓународни експерти, релевантни институции и организации  и
  • објавува стручни публикации во дејноста социјална заштита.
  • Води регистар за лица осудени за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија.