Овде можете да ја превземете листата на прашања во Word докумет

  1. Согласно Законот за социјалната заштита, кој го определува носителот на правото на гарантирана минимална помош?
  2. Согласно Законот за социјалната заштита, со секој член на домаќинството, корисник на гарантирана минимална помош, кој е невработен и евидентиран во надлежниот Центар за вработување, се изготвува индивидуален план. Корисникот на гарантирана минимална помош е должен да ги извршува обврските од индивидуалниот план заради надминување на материјалната необезбеденост на домаќинството. Кој го изготвува индивидуалниот план?
  3. Согласно Законот за социјалната заштита, згрижување во семејство опфаќа основна заштита и 24 часовна грижа за деца и возрасни лица кои немаат свое семејство или немаат услови за живот во сопственото семејство. Ова згрижување се обезбедува како:
  4. Согласно Законот за социјалната заштита право на гарантирана минимална помош има домаќинство кое е материјално необезбедено и нема во сопственост имот и имотни права од кои може да се издржува. За материјално необезбедено се смета домаќинство чија вкупна просечна висина на сите приходи на сите членови на домаќинството по сите основи е пониска од висината на утврдената гарантираната минимална помош и тоа:
  5. Согласно Законот за социјалната заштита, услугата за привремен престој обезбедува заштита и стручна помош на лица кои се наоѓаат во кризна состојба заради надминување на состојбата и нивна социјална интеграција. Корисници на услугата се:
  6. Согласно Законот за социјалната заштита интервентно згрижување е услуга на краткорочно згрижување во семејство на лица за кои е неопходна итна заштита, до изнаоѓање на соодветни облици на заштита, а најдолго до:
  7. Согласно Законот за социјалната заштита, носителот на правото на гарантирана минимална помош е должен да ја пријави бројната состојба на домаќинството, материјалната и имотната состојба за себе и сите членови во домаќинството, при поднесување на барањето и да извести за промените во текот на користењето на правото, а кои влијаат на остварување и користење на правото, до надлежниот центар за социјална работа во рок од:
  8. Согласно Законот за социјалната заштита во барањето за остварување на еднократна парична помош, поднесителот наведува за која цел му е потребна помошта и во рок од 15 дена од кога средствата се искористени, а најдоцна три месеци од добивање на помошта, до центарот за социјална работа доставува доказ дека средствата се искористени за целта наведена во барањето, освен за еднократна парична помош во висина до:
  9. Согласно Законот за социјалната заштита, при утврдување на висината на гарантираната минимална помош за член на домаќинство не се смета лице кое со решение на центарот за социјална работа е сместено во установа за вон-семејна социјална заштита, згрижувачко семејство, организирано живеење со поддршка или друга установа, сторител на семејно насилство и лице кое е на:
  10. Согласно Законот за социјалната заштита, членовите на домаќинството, корисници на гарантирана минимална помош, кои се невработени, се евидентираат во надлежниот центар за вработување, согласно со Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност. Центарот за социјална работа го задолжува корисникот да се евидентира како невработено лице во надлежниот центар за вработување во рок од:
  11. Согласно Законот за социјалната заштита лице кое до 18-годишна возраст имало статус на дете без родители и без родителска грижа, односно по престанување на старателството, а најмногу до 26-годишна возраст, има право на интервентна еднократна парична помош, заради вклучување во социјалната средина во висина до:
  12. Согласно Законот за социјалната заштита, стручниот работник поднесува барање за полагање на испит до Комисијата за лиценцирање, преку Заводот за социјални дејностизаедно со докази за исполнување на условите за полагање на испитот:
  13. Согласно Законот за социјалната заштита, Комисијата за лиценцирање е составена од девет членови и тоа:
  14. Согласно Законот за социјалната заштита, Етички одбор, составен од тројца претставници, формира:
  15. Согласно Законот за социјалната заштита, во случај на судир за месната надлежност на центрите за социјална работа, решава:
  16. Согласно Законот за социјалната заштита, правата на парична помош од социјална заштита се остваруваат:
  17. Согласно Законот за социјалната заштита, Центарот за социјална работа го преиспитува постоењето на фактите и условите за стекнување и користење на правото од социјална заштита:
  18. Согласно Законот за социјалната заштита, водителот на случај е должен да изработи индивидуален план врз основа на:
  19. Согласно Законот за социјалната заштита Центарот за социјална работа во постапката за остварување на право од социјална заштита е должен да донесе решение:
  20. Согласно Законот за социјалната заштита, надоместок заради попреченост се обезбедува за поттикнување социјално вклучување и еднакви можности на лице кое е:
  21. Согласно Законот за социјалната заштита, право на надоместок за помош и нега од друго лице има лице со:
  22. Согласно Законот за социјалната заштита, право на траен надоместок има:
  23. Согласно Законот за социјалната заштита висината на трајниот надоместок за згрижувачотусогласена со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната година изнесува:
  24. Согласно Законот за социјалната заштита, правото на надоместок заради попреченост се остварува врз основа на:
  25. Согласно Законот за социјалната заштита, Центарот за социјална работа донесува решение за видот и степенот на попреченост и го евидентира лицето со пречки во развојот врз основа на:
  26. Согласно Законот за социјалната заштита, барање за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил може да поднесе:
  27. Согласно Законот за социјалната заштита, со услугата помош и нега во домот, се обезбедува помош во вршење основни и инструментални активности од секојдневниот живот најмногу до:
  28. Согласно Законот за социјалната заштита, услугата за одмена на семејна грижа која се реализира со трошоци надоместени од центарот за социјална работа се обезбедува во времетраење:
  29. Согласно Законот за социјалната заштита, Етичкиот одбор е составен од:
  30. Согласно Законот за социјалната заштита, Етичкиот одбор е составен од 3 претставници од кои:
  31. Согласно Законот за социјалната заштита, Етичкиот кодекс за стручните работници во дејноста социјална заштита, го донесува:
  32. Согласно Законот за социјалната заштита јавна установа за унапредување на социјална дејност основана од Влада, која остварува дејност на целата територија на Република Северна Македонија е:
  33. Согласно Законот за социјалната заштита установи за социјална заштита се:
  34. Согласно Законот за социјалната заштита за обезбедување на социјална заштита од општините, градот Скопје и општините во градот Скопје се основаат:
  35. Согласно Законот за социјалната заштита, службена легитимација за докажување службеното својство, идентитет и овластувањето за преземање работи од областа на социјална заштита на стручниот работник во центар за социјална работа издава:
  36. Согласно Законот за социјалната заштита физичко лице може, самостојно да врши работи од социјална заштита како професионална дејност, кои се однесуваат на:
  37. Согласно Законот за социјалната заштита корисник на услуга помош и нега во домот која се реализира со трошоци надоместени од центарот за социјална работа истовремено:
  38. Согласно Законот за социјалната заштита во  случај на роднинско згрижување надоместок за згрижување на згрижувачот кој има обврска за издржување на сместено дете:
  39. Согласно Законот за социјалната заштита за вршење на внатрешна контрола на работењето на установи за социјална заштита основачот формира:
  40. Согласно Законот за социјалната заштита, евиденција на лиценцирани даватели на социјални услуги според видот на социјални услуги за кои им е дадена дозвола за работа води:
  41. Согласно Етичкиот кодекс за стручните работници во дејноста социјална заштита, основни начела се:
  42. Согласно Етичкиот кодекс за стручните работници во дејноста социјална заштита, целта на кодексот е:
  43. Согласно Етичкиот кодекс за стручните работници во дејноста социјална заштита, формите на комуникација меѓу вработените се засноваат на:
  44. Согласно прирачникот „Интегрирано водење на случаи“, колку основни чекори има методот водење на случај ?
  45. Согласно прирачникот „Интегрирано водење на случаи“, кој е третиот чекор од методот водење на случај?
  46. Согласно прирачникот „Интегрирано водење на случаи“, почетната проценка во методот водење на случај се прави најмногу за:
  47. Согласно прирачникот „Интегрирано водење на случаи“, која документација се пополнува во чекор 1 (тријажа) од методот водење на случај?

 

  1. Согласно прирачникот „Интегрирано водење на случаи“, кои се чекорите на методот водење на случај?
  2. Согласно прирачникот „Интегрирано водење на случаи“, продлабочената проценка во методот водење на случај се прави најмогу за:
  3. Согласно прирачникот „Интегрирано водење на случаи“, имплементација на планот во методот водење на случај се води:
  4. Согласно прирачникот „Интегрирано водење на случаи“, во методот водење на случај продлабочената проценка се прави после:
  5. Согласно прирачникот „Интегрирано водење на случаи“, имплементација на планот се бележи во:
  6. Согласно прирачникот „Интегрирано водење на случаи“, во шестиот чекор (затворање на случај) се пополнува листот за:
  7. Согласно Законот за социјална сигурност на старите лица, право на социјална сигурност на старите лица има лице со навршени:
  8. Согласно Законот за социјална сигурност на старите лица, право на социјална сигурност за старите лица не може да оствари лице кое со решение на центарот за социјална работа е сместено во установа за вон-семејна социјална заштита, здравствена или друга установа подолго од:
  9. Согласно Законот за социјална сигурност на старите лица висината на месечниот износ на правото на социјална сигурност за старите лица изнесува:
  10. Согласно Законот за заштита на децата, за дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години живот се обезбедува:
  11. Согласно Законот за заштита на децата, правото за заштита на деца се остварува од:
  12. Согласно Законот за заштита на децата, право на еднократна парична помош за новороденче родено на територијата на Република Северна Македонија има:

 

  1. Согласно Законот за заштита на децата, барањето за остварување на правото на родителски додаток за дете со потребната документација се поднесува до надлежниот центар за социјална работа:
  2. Согласно Законот за заштита на децата, правото на заштита на децата престанува:
  3. Согласно Законот за заштита на децата, висината на детскиот додаток зависи од:
  4. Согласно Законот за заштита на децата, родителски додаток за дете остварува мајка за своето живородено:
  5. Согласно Законот за семејството, со пресудата со која се разведува бракот, ако родителите не се спогодиле за чувањето, воспитанието и издржувањето на заедничките деца или ако нивната спогодба не одговара на интересите на децата, судот:
  6. Согласно Законот за семејството заедница на живот на маж и жена која не е заснована во согласност со одредбите на Законот за семејството (вонбрачна зaедница) и која траела најмалку една година:
  7. Согласно Законот за семејството склучување на брак на лице кое наполнило 16 години од животот може да дозволи:
  8. Согласно Законот за семејството по засновање на потполно посвојување во матичната книга на родените, како родители на детето се запишуваат:
  9. Согласно Законот за семејството ако полнолетното лице е неспособно за работа поради болест, физички или психички недостаток, родителите:
  10. Согласно Законот за семејството, родителите на детето можат со одобрение на:
  11. Согласно Законот за семејството, ако во бракоразводниот спор се решава за чување, издржување и воспитание на децата:
  12. Согласно Законот за семејство старосната граница меѓу посвоителот и посвоеникот не смее да биде поголема од:
  13. Согласно Законот за семејството, предлог за враќање на родителското право може да поднесе:

 

  1. Согласно Законот за семејството, за посвојување на дете потребна е согласност:
  2. Согласно Законот за семејството, кои лица не можат да склучат брак меѓу себе?
  3. Согласно Законот за семејството, под кои услови може да престане бракот?
  4. Согласно Законот за семејството, во кој временски рок може да се поднесе тужба за поништување на бракот во случај на заблуда?
  5. Според Законот за семејството, кому му припаѓа родителското право?
  6. Согласно Законот за семејството за татко на детето родено надвор од брак се смета:
  7. Согласно Законот за семејството, во кој временски период дете постаро од 16 години може да даде согласност за признавање на татковство?
  8. Согласно Законот за семејството, кој врши надзор над вршење на родителското право?
  9. Согласно Законот за семејството, под кои услови престанува родителското право?
  10. Согласно Законот за семејството, кој може во име на малолетното дете да поведе спор за издржување, односно за зголемување на издржувањето, кога родителот кај кого детето се наоѓа на чување и воспитание, без оправдани причини, не го користи тоа право?
  11. Согласно Законот за правда на децата, санкција е:
  12. Согласно Законот за правда на децата надзор врз спроведувањето на планот  со мерки и активности за индивидуална работа со детето и родителите, спроведува:
  13. Согласно Законот за правда на децата постапката за посредување во Центарот за социјална работа. по донесувањето на одлуката за поведување на постапка за посредување може да трае најдолго: 
  14. Согласно Законот за правда на децата на дете од 14 до 16 годишна возраст за дејствие кое со закон е предвидено како кривично дело можат да му се изречат само:
  15. Согласно Законот за правда на децата постапката спрема дете ја води и санкциите утврдени со овој закон ги изрекува:

 

  1. Согласно Законот за правда на децата примените известувања од Министерството за внатрешни работи, Центарот за социјална работа ги регистрира во:
  2. Согласно Законот за правда на децата трошоците за адвокат ги сносат родителите/старателот на детето, а во случаи кога не се во состојба да ги платат, истите паѓаат на товар на Буџетот на РСМ, согласно следниот закон:
  3. Согласно Законот за правда на децата доколку родителите/старателот не постапат според одлуката на судот, за примена на мерките содржани во планот, судот ќе го извести:
  4. Согласно Законот за правда за децата, Регистарот за примена на мерките на помош и заштита го води:
  5. Согласно Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, службените лица во институциите кои вршат дејност од областа на социјалната заштита, внатрешни работи, здравство, детска заштита и образование, како и надлежните судови во постапките за семејно насилство должни се да постапуваат:
  6. Според Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, жртвата има право да биде информирана од службените лица за:
  7. Според Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство по добиено сознание дека над лице е сторено семејно насилство, Центарот за социјална работа постапката ја започнува: 
  8. Согласно Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, Центарот за социјална работа за потреба од вклучување на лицата – жртви во активните мерки за вработување, ја известува:
  9. Согласно Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство од страна на мултисекторскиот тим се изготвува:
  10. Согласно Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство кој ја придружува жртвата во станот или друг простор каде жртвата живее, кога е потребно да ги земе личните работи кои се неопходни за секојдневниот живот:
  11. Согласно Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство за извршување на преглед и друг медицински третман на жртвата и издавање на соодветна медицинска документација за констатирана повреда, жртвата:
  12. Согласно Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, Центарот за социјална работа го следи извршувањето на изречените привремени мерки за заштита и за текот и ефектите од извршувањето на изречената привремена мерка/ки за заштита:
  13. Согласно  Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, Протоколот­ за меѓусебна соработка, помеѓу надлежните институции и здруженија, го донесува: