1. ВОВЕД

 

 

Од први јануари 2015 година започна имплементацијата на новиот Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, со што сите законски одредби кои се однесуваат на оваа проблематика беа споени во еден закон, наспроти претходната ситуација кога семејното насилство беше регулирано со Законот за социјална заштита и со Закониот за семејство.

 

Новините во Законот се однесуваат на следното:

 

  • Дефинирање на семејното насилство

 

Со новиот Закон беа воведени следните термини:

  • Демнење – намерно повторено заканување кон жртвата, кое предизвикува истата да се плаши за својата безбедност.
  • Родово засновано насилство

2) Превенција на семејното насилство

Во поглед на превенцијата на семејното насилство, фокусот е ставен на два клучни момента:

  • Интегрирани политики на Владата – за што е предвидено изработување на  Национална стратегија за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, за период од пет години
  • Мултисекторски пристап, што подразбира давање пошироки овластувања на припадниците на останатите ресорни институци, со цел да се унапреди заштитата на жртвите и да се обезбеди поквалитетна превенција на оваа негативна социјална и општествена појава.

Од останатите новини, кои исто така може да се класифицираат како иницијативи за спречување  насилството да се разгори и прогресира во потежок облик, може да се издвојат:

  • Обезбедувањето стручна и советувалишна работа во Советувалишта за брак и семејство во ЦСР и други институции
  • Јавни кампањи за превенција и препознавање на семејното насилство
  • Секое ресорно министерство за вработените организира обуки за сензибилизирање на вработените за родово засновано насилство.
  • Се изготвува безбедносен план за жртвата од страна на мултисекторски тим, со претставници од ЦСР, полиција, здравство, суд и од други субјекти, зависно од видот и тежината на насилството;
  • Жртвата има право да си избере придружник во постапките за нејзина заштита од семејно насилство.

 

Врз основа на сознанијата со кои Заводот располага, а кои се добиени од континуираната соработка преку размена на податоци и теренски посети на ЦСР, новиот Закон се имплементира во сите ЦСР, некаде со поголем, некаде со помал успех, во зависност од соработката на ЦСР со претставниците од останатите ресорно-надлежни институции на територијата за која се месно-надлежни.

 

  1. ДВИЖЕЊЕ НА ПОЈАВАТА

 

Во текот на првото полугодие на 2015 година, според податоците испратени од сите ЦСР во Македонија, евидентирани се 645 нови жртви и 394 нови сторители на семејно насилство. Во Базата на ЛИРИКУС внесот на новите предмети не е целосен, така што регистрирани се 169 жртви и 136 сторители на семејно насилство.

 

Т 1. Нови предмети: 01.01 – 30.06.2015

 

Нови предмети Податоци од ЦСР Податоци од ЛИРИКУС Процентна внес на предмети во ЛИРИКУС
1 квартал 2 квардал 1 квартал 2 квардал 1 квартал 2 квардал
Жртви на семејно насилство 367 278 125 169 34% 60%
Вкупно нови:  645 294 45%
Сторители на семејно насилство 158 236 75 136 47% 57%
Вкупно нови: 394 211 53%

 

Во првиот квартал на 2015 година е евидентиран поголем број на жртви на семејно насилство, со помал број на сторители; Ова подразбира дека еден сторител вршел насилство врз повеќе членови во семејството.

Во вториот квартал, бројот на жртви е помал, но е забележан поголем број на сторители на насилство.

Во поглед на внесот на податоци во базата на ЛИРИКУС,  се забележува дека во вториот квартал на 2015 година, стручните работници вложиле повеќе напори за да ги внесат новите досиеја во ЛИРИКУС, т.е. да ја ажурираат базата со актуелните услуги кон жртвите и сторителите. Процентот на внес на податоци во базата на ЛИРИКУС  во 2 квартал би бил поголем, доколку дел од ЦСР не беа спречени од оправдани причини (реновирање на ЦСР и непристапност до базата на ЛИРИКУС од просториите во кои биле привремено преместени).

Во поглед на тековно активните предмети за семејно насилство, беше побарано сите ЦСР во Македонија да испратат ажуриран податок за моменталната состојба со активни предмети, заклучно со 30 јуни 2015 година. Ова беше неопходно заради континуирано високиот број на активни предмети во ЛИРИКУС.

Реалната состојба со тековно активни предмети наспроти внесот, т.е ажурирањето на податоците во базата на ЛИРИКУС  е прикажан во табелата подолу.

 

Т 2. Активни предмети на 30.06.2015 согласно ажурирањето на податоците

 

Активни предмети Податоци од ЦСР Податоци од ЛИРИКУС Состојба во ЛИРИКУС
Жртви 636 1274 100% повеќе активни ЖСН
Сторители 538 712 32% повеќе активни ССН

 

По ажурирањето на податоците се утврди дека бројот на активни жртви во базата на ЛИРИКУС  е двојно поголем од реалната бројка, а во поглед на сторителите на семејно насилство, во ЛИРИКУС  се прикажани 32% повеќе активни предмети отколку што е реалната состојба по ЦСР.

 

  1. АЖУРИРАНИ ПОДАТОЦИ ОД ЦСР ВО МАКЕДОНИЈА

 

Т. 3 Активни предмети за жртви и сторители на насилство на крајот од 2 квартал на 2015

ЦСР

Активни жртви / сторители

на 30.06.2015

1.            Берово 3/3
2.            Битола 10/ 10
3.            Македонски Брод 5/4
4.            Валандово /
5.            Велес 4/4
6.            Виница 3/3
7.            Гевгелија 3/3
8.            Гостивар 21/21
9.            Дебар 2/ 2
10.        Делчево 18/11
11.        Демир Хисар 1/1
12.        Кавадарци 29 / 17
13.        Кичево 5/5
14.        Кочани 8/5
15.        Кратово 2/2
16.        Крива Паланка 5/4
17.        Крушево 0/0
18.        Куманово 12/12
19.        Неготино 10/ 9
20.        Охрид 57/57
21.        Прилеп 20/19
22.        Пробиштип 2/2
23.        Радовиш 20/11
24.        Ресен 1/1
25.        Свети Николе 19/11
26.        Скопје 366/ 311
27.        Струга 0/0
28.        Струмица 6/ 6
29.        Тетово 1/0
30.        Штип 4/4
ВКУПНО 637 /  538
Во ЛИРИКУС: 1274/712

 Во ЛИРИКУС се прикажани 100% повеќе жртви  и  32%  повеќе сторители   отколку што е  реалната бројка  во ЦСР!

  1. НОВО-ЕВИДЕНТИРАНИ ЖРТВИ И СТОРИТЕЛИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

 

 

Т. 4 Ново-евидентирани лица  во проблематиката  семејно насилство во ЦСР по региони во РМ во првото полугодие од 2015 година (броевите во заграда означуваат вредности од I и II квартал од 2015 година)

 
РЕГИОНИ ЦСР  Жртви  / сторители   според базата во ЛИРИКУС Жртви / сторители според кварталните табели на ЦСР)
СКОПСКИ Скопје 107 (29+78)/ 71 (12+59) 186 (101+85)/ 75
ЈУГОЗАПАДЕН КичевоОхрид Дебар Струга

М.Брод

5 (2+3) / 3 (1+2)9 (9+0)/ 1 (1+0)5 (5+0)/ 4 (4+0)2/2

6 (5+1)/ 3 (1+2)

9 (8+1)/ 187 (58+29)/ 165 (5+0)/ 02 (1+1)/ 1

6 (5+1/ 1

ПОЛОШКИ Гостивар Тетово 14 (8+6)/  14 (7+7)11/9 21 (10+11)/ 2131 (21+10)/ 6
ПЕЛАГОНИСКИ БитолаПрилеп Ресен Крушево

Демир Хисар

0/018 (6+12)/ 19 (6+13)5 (3+2) /10

 

16 (10+6) / 10 (8+2)81 (45+ 36)/ 364 (3+1)/ 10/ 0

6 (3+3) / 3

ВАРДАРСКИ Кавадарци Велес Свети НиколеНеготино 18 (10+8) / 14 (9+5)2/216 (10+6)/ 7 (5+2)8 (3+5) / 8 (4+4) 18 (10+8)/ 16 (8+8)6 (4+2)/ 217 (11+ 6)/ 48 (3+5)/ 4
ЈУГОИСТОЧЕН Струмица ВаландовоГевгелија Радовиш 2/204/511 (8+3)/ 9  (6+3) 43 (20+23)/ 23011 (7+4)/ 318 (14+4)/ 4
ИСТОЧЕН Берово Делчево

Виница

Штип

Пробиштип

Кочани

10 (5+5)/ 9 (4+5)9 (4+5)/ 8 (4+4)

1/1

2 (1+1)/ 2 (1+1)

2 (1+1)/ 1 (1+0)

9 (4+5)/  7 (3+4)

10 (5+5)/ 515(5+10)/ 7

2/ 2

3 (1+2)/ 2

2 (1+1)/ 1

17 (9+8)/ 5

СЕВЕРОИСТОЧЕН Куманово Кратово Крива Паланка 14 (6+8) / 10 (5+5)0/13 (1+2) /2 13 (5+8)/ 72 (1+1)/ 16 (1+5)/ 5

ВКУПНО новоевидентирани            Лирикус: 293/215               ЦСР:  645/ 262

 

 

  1. ПРИВРЕМЕНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА СПРЕМА СТОРИТЕЛИТЕ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

 

T.5 Предложени и изречени ПМЗ спрема сторители на семејно насилство во ЦСР, во првото полугодие од 2015, според кварталните табели

 
РЕГИОНИ ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА ПРЕДЛОЖЕНИ ПМЗ ОД ЦСР ИЗРЕЧЕНИ ПМЗ ОД СУДОВИТЕ
СКОПСКИ  Скопје 68  48 
ЈУГОЗАПАДЕН  КичевоОхридДебарСтруга

М.Брод

97812/

4

9846/

2

ПОЛОШКИ  ГостиварТетово 87 34
ПЕЛАГОНИСКИ  БитолаПрилепРесенКрушево

Демир Хисар

9204/

0

9173/

0

ВАРДАРСКИ  КавадарциВелесСвети НиколеНеготино 18075 518411
ЈУГОИСТОЧЕН  СтрумицаВаландовоГевгелијаРадовиш 2/115 3/115
ИСТОЧЕН  БеровоДелчевоВиницаШтип

Пробиштип

Кочани

171087

6

20

7325

6

12

СЕВЕРОИСТОЧЕН  КумановоКратовоКрива Паланка 910  913
ВКУПНО ПМЗ:   343 290
  1. ЗАКЛУЧОК

 

  • Според добиените квартални табели од сите ЦСР, бројот на новоевидентирани жртви на семејно насилство во првата половина на 2015 година изнесува 645, додека бројот на сторители е 394. Според ЛИРИКУС, бројката е помала и изнесува: 193 жртви и 215 сторители на семејно насилство. Тоа значи дека процентот на внесени досиеја изнесува: за жртви 30%, а за сторители – 82%.
  • Ажурирањето на податоците за веќе внесените досиеја за семејно насилство во ЛИРИКУС е исто така под посакуваното ниво; Имено, на крајот од првата половина на 2015 година во ЛИРИКУС се прикажани како активни 1274 жртви и 712 сторители на семејно насилство; реалната бројка на активни предмети, по спроведеното ажурирање изнесува: 637 жртви и 538 сторители на семејно насилство. Ова значи дека во ЛИРИКУС се прикажани 100% повеќе жртви и  32%  повеќе сторители   отколку што е  реалната бројка  во ЦСР!
  • Делумно причина за ова е процесот на реновирање на дел од ЦСР во Македонија и нивно преселување во други привремени простории, така што внесот на податоци е реално невозможен. Други причини, за кои повеќе информации има МТСП се несразмерниот  број на стручни рабтници во споредба со активни предмети по ЦСР (неекипираност со човечки ресурси според број и кадар, во зависност од тоа за кој ЦСР станува збор);
  • Најголем број на услуги биле дадени во советодавната, психо-социјалната и советувалишната работа со жртвите;
  • Бројот на предложени и изречени мерки од судовите е исто така мал, сразмерно на обемот на појавата (363/289); Ова е особено карактеристично за Скопскиот ЦСР, кој е најголем и има најмногу нови жртви на насилство. Помалите ЦСР кои имаат помал број на новопријавени жртви во поголем обем предлагаат ПМЗ до судовите;

Најчесто се предлагаат / изрекуваат првите 3 мерки за забрана, како и мерката задолжително лекување:

  • Забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство (115/96)
  • Забрана да малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или друг начин комуницира со член на семејство, директно или индиректно (121/103)
  • Забрана да се приближува на растојание помало од 100 метри до живеалиштето, училиштето, работното место или определено место кое редовно го посетува друг член на семејството (46/41)
  • Задолжително лекување на сторителот, доколку злоупотребува, алкохол, дрога и други психотропни супстанции  или има психичко заболување (47/32)
  •  Засолништата не се многу искористени ресурси. (Вкупно: 7 жени, 2 девојчиња сместени во ЦЖСН Скопје и Кочани)

 

 

                                                                         подготви: Душанка Петрова,  дипл. социјален работник